Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТурската полиција приведе над 130 вработени во истанбулските судови

Турската полиција приведе над 130 вработени во истанбулските судови

Полициски екипи денеска во Истанбул приведоа 136 вработени во три судови, во рамките на истрагата за неуспешниот обид за воен удар изведен во Турција на 15 јули.

Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул издаде налог за притворање на 173 вработени во судовите Чаглајан, Бакиркој и Газиосманпаша, од кои 136 се приведени во денешната операција.

Полицијата утрово изврши претрес во судските канцеларии и одзеде комјутери, а други полициски тимови извршија претрес во домовите на осомничените.

МИА