Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЧистката продолжува: Масовно апсење новинари, Туркиш Ерлајнс отпушта стотина „пучисти“

Чистката продолжува: Масовно апсење новинари, Туркиш Ерлајнс отпушта стотина „пучисти“

Турските власти издадоа наредба за апсење на 42 новинари денеска, објави приватната телезвизиска мрежа НТВ. Познатиот коментатор и поранешен пратеник Назли Илиџак е меѓу лицата за кои што е издаден налог за апсење.

Голем дел од раководната и менаџерска структура на турската државна авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ ќе биде сменета, а како главна причина се наведува лошото справување со приврзаниците на обидот за воен удар кој беше неуспешен. Смените на стотина вработени во „Туркиш Ерлајнс“ беа извршени синоќа откако беше утврдено дека дел од нив биле поврзани со проповедникот Фетулах Ѓулен, објавија турските медиуми. Претставник на „Туркиш Ерлајнс“ одби да ги коментира написите на медиумите.