Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТуристичките работници бараат продолжена туристичка сезона и почеток на учебната година од 15-ти септември

Туристичките работници бараат продолжена туристичка сезона и почеток на учебната година од 15-ти септември

Туристичките работници од Охрид и Струга, незадоволни од посетеноста на овие два града во текот на летната сезона бараат да се проследи примерот на соседните земји и да се пролонгира учебната година од 15-ти септември, а како последица на тоа да се продолжи туристичката сезона.

Тие сметаат дека  усвојувањата на овие барања мора да бидат неопходни, давајќи примери за тоа како хотелите можат да презентираат убави септемвриски цени со посебни аранжмани, со што би се истерала една класична сезона проследена со концерти и настапи на разни музички ѕвезди.

Како причина за овие барања работниците ги наведуваат немилете настани кои ја зафатија земјава: лошото време во јуни и случувањата во Куманово кои предизвикале посетеноста да биде слаба а аранжманите да бидат откажани.