HomeДЕНЕШНАСветТурција уапси 25 лица во рска со експлозиите во Анталија

Турција уапси 25 лица во рска со експлозиите во Анталија

Во Турција денеска се уапсени 25 луѓе, кои се осомничени за поврзаност со курдските екстремисти, кои турските власти ги обвинуваат за експлозиите во Анталија.

Апсењата се спроведени по симултаните полициски акции во шест провинции, меѓу кои се Истанбул, Анкара и Дијарбекир.

Две експлозии одекнаа вчера во рибарница во Анталија, туристичко место во јужниот дел на Турција, но немаше жртви. Истовремено, две импровизирани експлозивни направи се фрлени од блиската планинска област кон автопатот меѓу Анталија и летувалиштето Кемер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com