HomeДЕНЕШНАСветТурција и кажува збогум на ЕУ, ќе влезе во Шангајскиот сојуз?

Турција и кажува збогум на ЕУ, ќе влезе во Шангајскиот сојуз?

erdogan(65)

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во Шангајската организација за соработка гледа реална замена за членството во ЕУ.

Како што пренесува агенцијата Тасс, Ердоган ова го изјавил за новинарите за звреме на посетата на Пакистан и Узбекистан, а го објавила телевизијата Хебертурк.

– По Брегзит слични работи можат да се случат и со останатите европски земји. Франција говори за тоа, Италија исто така. Зошто Турција да не стане членка на Шангајската петорка? Тоа му го кажав и на рускиот претседател Путин и на претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев и на останатите членки на организацијата, изјавил Ердоган.

Тој додал дека за Турција би било попријатно да работи со Шангајската организација за соработка, додека „ЕУ го одолговлекува процесот на придружување“.

Во оваа организација членуваат НР Кина, Казахстан, Русија, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. Се нарекува Шангајска петорка бидејќи е основана од првите пет држави а во 2001 година е примен Узбекистан.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com