HomeДЕНЕШНАСветТурција го уапси братот на Фетила Ѓулен, се стега обрачот околу проповедникот

Турција го уапси братот на Фетила Ѓулен, се стега обрачот околу проповедникот

Турските власти го приведоа Кутбетин, братот на Фетула Ѓулен, проповедникот кој е во егзил во САД и е главен осомничен за инспиратор за воениот пуч против Ердоган кој заврши неуспешно.

Кутбетин Ѓулен е приведен во домот на негов роднина во градот Измир со обвинение дека бил член на терористичка група, пренесе агенцијата Анадолија денеска.

Новинската агенција наведува и дека тој во моментов е на распит во антитерористичката полиција.Во веста пишува и дека книги напишани од неговиот брат биле пронајдени и запленети во куќата.

Ѓулен кој живее во САД негира каква било вклученост во обидот за пуч. Околу 32 000 луѓе беа уапсени по обидот за пуч во јули годинава за наводна поврзаност со Ѓулен. Неколку илјади пак беа избркани од работа, а сето тоа предизвика меѓународна загриженост

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com