Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТунис затвора 80 џамии кои не се контролирани од државата

Тунис затвора 80 џамии кои не се контролирани од државата

Владата на Тунис денеска објави дека ќе затвори 80 џамии кои не се контролирани од државата, еден ден откако вооружен напаѓач уби 39 лица пред хотел во туристичко одморалиште во градот Сус.

Тунискиот премиер Хабиб Есид ги обвини џамиите за поттикнување насилство и рече дека тие ќе бидат затворени од Министерството за внатрешни работи во рок од една недела. Милитантите од Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот, во кој загинаа претежно европски туристи во преполното одморалиште Порт Ел Кантауи. Ова е втор голем напад врз туристи во земјата, откако загинаа 22 лица, главно странци, во напад на милитантите врз музејот Бардо во главниот град Тунис во март.