Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТуфегџиќ: На 27-ми април сакаа да нѐ убијат

Туфегџиќ: На 27-ми април сакаа да нѐ убијат

Пратениците на СДСМ Ивана Туфегџиќ и Томислав Тунтев денеска сведочеа во Јавното обвинителство околу настаните во Собранието од 27 април, јавува „Плус инфо“.

Таа апелира обвинителството да ги преземе сите мерки за казнување на напаѓачите, кои, како што рече, „имаа намера да убијат неколку пратеници“.

Туфегџиќ изјави дека на 27 април, во Собранието имало терористички елементи кои апсолутно треба да се казнат од секоја институција за тоа да биде пример во иднина да не се повторат такви настани.

Таа преку телевизиските снимки ги препознала напаѓачите кои што биле насилни и во процесот на избор на претседател на Студентскиот парламент.

Тунтев рече дека иако не бил повреден, преживеал „длабока траума која што долго време ќе му остане во сеќавање“.

Тој се надева дека таков настан веќе нема да се повтори и дека институциите до крај ќе го расветлат овој случај.

Тунтев не верува дека ова Јавно обвинителство ќе ги уважи нивните сведочења, и се надева дека новиот состав на Јавното обвинителство ќе го преземе предметот за случувањата на 27 април во Собранието и ќе дејствува во согласност со законите.