Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦветков: Сушари за вишокот на овошје и зеленчук

Цветков: Сушари за вишокот на овошје и зеленчук

Михаил Цветков, министерот за земјоделство, најави дека потребна е стратегија за изградба на сушари со кои ќе се собира вишокот во земјоделското производство и наместо да бидеме во загуба можеме да оствариме профит со преработка на овошјето и зеленчукот.

cvetkov mzsv

Подготвуваме проекти за мали сушари во кои земјоделците, количините што не ќе можат да ги продадат како свежи, ќе можат да ги сушат, а потоа и нив да ги пласираат на пазарот. Со тоа практично им се овозможува продажба на целата произведена количина, рече министерот.

Министерот Цветков, ја отвори традиционалната манифестација Денот на празот во село Градашорци, општина Василевo, каде ги пренесе новите идеи за подршка на земјоделците.