Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦрвенковски молчи за нападот на Собранието – не сакал медиумски да се експонира

Црвенковски молчи за нападот на Собранието – не сакал медиумски да се експонира

Поранешниот шеф на државата и екс лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски веќе подолг период не се експонира во јавноста, а одлучи да ги премолчи и крвавите настани што се случија на 27 април, при изборот на Талат Џафери за претседател на Собрането, каде што беа претепани пратениците од новото парламентарно мнозинство.

„Фокус“ се потруди да стапи во контакт со Црвенковски преку шефот на неговиот кабинет за да одговори на неколку прашања, меѓу кои да го каже неговиот став за крвавиот четврток, дали после тоа се слушнал со актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој исто така беше повреден во Законодавниот дом и зошто не излезе јавно да ги осуди настаните од 27 април?

Од Кабинетот на Црвенковски Фокус не добил повратни одговори, освен што од таму информирале дека тој повеќе не сакал медиумски да се експонира.