Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦрвениот телефон на Телма доби "Сребрен лав" во Кан

Црвениот телефон на Телма доби "Сребрен лав" во Кан

Проектот „Црвен телефон“ на телевизија Телма и агенцијата Њу момент се закити со сребрен лав на фестивалот во Кан. Црвениот телефон се натпреваруваше во категоријата PR lions во конкуренција на речиси две илјади проекти. Целта на Телма беше да испрати порака дека никој не може да и сугерира на телевизијата како да известува.
red phone
Се почна на 4-ти март годинава кога Телевизија Телма со кампањата црвен телефон порача дека нема да подлегне на политички притисоци, без разлика од која страна доаѓаат. Црвениот телефон е симбол. Па и агенцијата Њу момент оцени дека токму линијата што за време на Студената војна ја користеле Америка и Русија е доволна провокација за успешна кампања. Затоа во информативните емисии на Телма неколку дена имаше црвен телефон чие ѕвонење го игнорираа сите новинари. Пораката беше дека никој не може да и сугерира на телевизијата како да известува.

Автори на кампањата се Атанас Кировски, директор на Телма и креативниот директор на агенцијата Њу момент, Душан Дракалски. Ова е прв пат една рекламна кампања од Македонија да добие толку висока награда. На овогодинешното издание на Cannes Lions, вкупно во сите категории беа пријавени дури 40 133 кампањи.