Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Црното злато“ се спушти под 30 долари за барел

„Црното злато“ се спушти под 30 долари за барел

Веќе 18 месеци цената на нафтата значително опаѓа поради заситеноста на пазарот и високото ниво на производство, а вчера се спушти на најмининално можно ниво така што сировата нафта од марката WTI сега е со цена под 30 долари за барел. Претходно во текот на тргувањето таа се намали до 29,96 долари за барел, што е најниското ниво од декември 2003 година.

Аналитичарите го поставуваат прашањето дали побарувачката ќе расте доволно брзо за да се надмина нивото на понудата со оглед на тоа што вредноста на американскиот долар расте и берзите опаѓаат.