Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрногорец се разнесе со бомба во канцеларија на извршител

Црногорец се разнесе со бомба во канцеларија на извршител

Едно лице се разнесе со бомба во канцеларија на јавен извршител во Подгорица. Според локалните медиуми, никој од вработените не бил повреден. Инцидентот се случил околу 11 часот во канцеларија, која се наоѓа во близина на зградите во кои се наоѓаат министерствата за одбрана и внатрешни работи, Основниот суд и Правниот и економскиот факултет.

Полицската истрага е во тек.

Ова е втор напад на јавни извршители во последните десетина дена. Претходно бомба беше фрлена на канцеларијата на претседателот на јавни извшрители на Црна Гора.