Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЦрна статистика: 13 сообраќајни несреќи и 31 отстрането возило во еден ден

Црна статистика: 13 сообраќајни несреќи и 31 отстрането возило во еден ден

Во текот на изминатите дваесет и четири часа на подрачјето на главниот град е извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни несреќи. Од нив седум се со материјална штета а пет се со последица телесна повреда.

Санкционирани се и поголем број прекршоци. Бројките велат дека се „уловени“ шест возачи на автомобили под дејство на алкохол, 12 користеле мобилен телефон при управување со моторното возило, четворица не отстапиле предност на пешаци на обележан пешачки премин, а три лица не ги испочитувале правилата за првенство на минување на крстосница.

Специјалното возило пајак отстранило дури 31 возило, а санкционирани се и 26 возачи на мопед и моторцикл за сторени прекршоци по разни основи.