Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора со санкции против Крим и Севастопол

Црна Гора со санкции против Крим и Севастопол

Црна Гора ќе добие непријател. Црногорската влада усвои одлука за воведување на меѓународни рестриктивни мерки со кои се забранува увоз и извоз од Крим и Севастопол. Според соопштението на владата, мерките се одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопол.

Исто така забрането е и стекнување недвижности на полуостровот како и користење на пловни објекти или авиони под знамето на Црна Гора. Со оглед на фактот дека Русија е голем инвеститор на црногорското приморје, големата велесила нема да остане без одговор.