Friday, Mar 31, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора се крена на нозе, се бара оставка на Владата

Црна Гора се крена на нозе, се бара оставка на Владата

Црногорската опозиција спроведе успешни демонстрации во Подгорица кои за малку ќе избегаа од контрола и ќе дојдеше до силен судир со полицијата, но пораката е испратена, целта е постигната, народот сака промена на власта.

crna gora protesti

Опозицијата предводена од Андрија Мандиќ ги повлече демонстрантите и постави ултиматум Џукановиќ да се повлече и да се формира преодна влада која ќе ја одведе државата во нови избори, а во спротивно вети дека цела Црна Гора ќе дојде на протести во Подгорица.

crna gora protesti2

Последните информации укажуваа дека премиерот Мило Џукановиќ кој долги години е на власт побегнал од државата со авион иако оваа шпекулација или пропаганда која се шири не е официјално потврдена од Владата на Црна Гора.