Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора протера четворица вахабисти во Србија и БиХ

Црна Гора протера четворица вахабисти во Србија и БиХ

Црна Гора исплашена по заканите упатени кон Балканот. Црногорската полиција протера четворица вахабисти од земјата, од кои двајца се вратени во Србија, а двајца во Босна и Херцеговина, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи. Според соопштението станува збор за превнтивни мерки преземени за спречување терористички напади и регрутирање црногорски државјани за странски боишта.

Весникот „Дан“ пишува дека во неделата во местото Смоковац е контролирано возило со српски регистарски ознаки во кое се наоѓале двајца вахабисти од Нови Пазар. По претресот тие се приведени во Центарот за безбедност во Подгорица, каде е утврдено дека не поседувале документи и немале регулиран престој. По задржување од 48 часа, тие се протерани од земјата. Идентитетот на протераните вахабисти не е соопштен.

Според податоците на тајната полиција во Црна Гора се наоѓаат најмалку 100 до 120 вахабисти. Агенцијата за национална безбедност има податоци дека тие примаат значителна финансиска помош преку исламски хуманитарни организации, а како главен центар на вахабисти во Црна Горе се наведува Плав.