Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора потпиша договори за разграничување со БиХ и Косово

Црна Гора потпиша договори за разграничување со БиХ и Косово

Претставниците на Црна Гора, вчера во Виена потпишаа договори за разграничување со Босна и Херцеговина и со Косово, по што на Подгорица единствено отворено прашање и остана со Хрватска околу Превлака.

Договорот за разграничување со Косово го потпишаа црногорскиот министер за надворешни работи Игор Лукшиќ и министерот за внатрешни работи Рашко Коњевиќ со министерот за надворешни работи на Косово Хашим Тачи и косовскиот министер за внатрешни работи Скендер Хисени.

На потпишувањето на двата договори присуствуваше и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ кој за агенцијата Анадолија рече дека ова е историски ден и дека „никогаш не го сметал за отворено прашањето за границата со Хрватска.

„Ние одамна постигнавме договор во случај да не успееме да се договориме околу Превлака, што сметам дека е многу тешко, да одиме на Меѓународниот суд за правда во Хаг“, истакна Вујановиќ.

извор:макфакс