Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора ќе ја гради најдолгата жичница во светот – од залив до национален парк

Црна Гора ќе ја гради најдолгата жичница во светот – од залив до национален парк

Црна Гора денеска го распиша меѓународниот тендер за градење на жичница од Котор преку Ловќен до Цетиње, којашто со 14,7 километри би била најдолгата на светот, објави градоначалникот на Цетиње, Александар Богдановиќ.

„Понудите за предквалификациите се доставуваат до 5-ти октомври. По изборот на концесионерот и издавањето на градежната дозвола, градбата на жичницата, во зависност од временските услови, ќе трае меѓу десет и дванаесет месеци“, рекол Богдановиќ.

Возењето од Котор до Цетиње би траело 43 минути. За жичницата Котор – Ловќен – Цетиње во Црна Гора се зборува веќе подолг период и таа треба да го поврзува црногорското приморје со националниот парк Ловќен. Според Богдановиќ компании кои се познати во светот по ваквите градежни зафати веќе пријавиле интерес и изразил уверување дека тендерот ќе биде успешно завршен.