Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветЦрна Гора и Албанија на Руската ембарго листа

Црна Гора и Албанија на Руската ембарго листа

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека потпишал указ за проширување на списокот земји кон кои ќе биде воведено ембарго на храна, вклучувајќи ги Албанија, Црна Гора, Лихтештајн и Украина, која се наоѓа на листата под посебни услови.

Тој додаде дека забраната за увоз на земјоделски производи од Украина ќе стапи во сила само доколку Киев го примени економскиот дел од договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ.
– Приклучувањето на други земји кон санкциите против Москва значи дека тие биле подготвени на одговор од Русија со соодветни мерки, истакна Медведев на владина седница.