Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦрна Гора ги затвора вратите за сезонски работници

Црна Гора ги затвора вратите за сезонски работници

Многу луѓе од Македонија одат на сезонска работа во Црна Гора, но од наредната година тоа ќе биде минато. Законот кој ограничува вработување на странци во Црна Гора, а чија примена беше одложена поради туристичката сезона, од вчера почна да се применува, потврдуваат од Министерството за труд и социјална грижа на оваа земја.

Законот и дава приоритет на домашната работна сила и им налага на работодавачите да вработуваат странци само доколку на евиденција на Заводот за вработување го нема бараниот кадат или ако евидентираните ја одбиваат работата.

Прописот е усвоен пред туристичката сезона, но неговата примена е одложена поради бурното реагирање на работодавачите, кои процениле дека системот не е подготвен за подготовка на ваков пропис. Инаку овој закон предвидува санкции за работодавачите во случај да објават оглас за работа пред прибавување на потврда на националниот Завод за вработување.