Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦрна Гора денеска одбележува десет години од отцепувањето од Србија

Црна Гора денеска одбележува десет години од отцепувањето од Србија

Црна Гора денеска одбележува десет години од референдумот за отцепување од заедничката држава Србија и Црна Гора. На 21 мај 2006 година 55,5 проценти од учесниците во референдумот гласаа за отцепување на Црна Гора од заедничката држава, а 44,5 беа против.

Референдумот и донесе независност на Црна Гора, а црногорските власти сметаат дека изминатите десет години на земјата и донеле економски раст, поголеми плати и пензии. Вицепремиерот Вуциа Лазовиќ истакна дека Бруто домашниот производ за тие десет години се зголемил за 80 проценти, а просечната плата двојно се зголемила од 246 на 478 евра.
Тој додаде дека просечната пензија пред десет години изнесувала 140, а сега е 270 евра, невработеноста е намалена од над 30 на 16,6 проценти.

„Најнеразвиената република во поранешна Југославија постигна забележителни резултати. На прагот сме на членство во Европската унија и прашање на денови е кога ќе станеме поплноправна членка на НАТО“, додаде Лазовиќ.

Според синдикатите, пак, во тие десет години 35.000 работници ги загубиле работните места, мнозинството од Црногорците едвај врзуваат крај со крај, затвораат фабрики, се повеќе граѓани ги напуштаат северните региони на земјата.