Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЦрн Илинден – неколку жртви на сообраќајки, неколку удавени

Црн Илинден – неколку жртви на сообраќајки, неколку удавени

Продолжениот викенд заврши трагично. Голем број сообраќајни несреќи, неколку жртви и многу повредени. Речиси немаше регион во земјава каде не се случи сообраќајна трагедија. Возило со огромна брзина влета во вензинска станица при што двајца се повредени.

Од водите на Вардар, кај место викано Ломи, во атарот на гостиварското село Чегране е пронајдено безживотното тело на 71-годишна старица од Гостивар. 17 годишното момче било удрено од возило во близина на Скудриње на регионалниот пат Маврови Анови Дебар. Момчето е во загрозена животна состојба поради обилно крварење во главата како и поради скршеници на двете потколеници и на две ребра.