Thursday, Aug 17, 2017
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦрешата стана заштитен знак на Македонија

Црешата стана заштитен знак на Македонија

cresa

Охридската цреша стана нов претпознатлив знак за Македонија. Процедурата за заштита на географското потекло е во тек . Таа наскоро ќе стане бренд загарантиран и заштитен според географското потекло, ознака како и традиционален македонски специјалитет. Сега се чека само формална заверка од страна на Министерството за земјоделство.

Според законската регулатива, во Македонија  дефинирани се три ознаки за квалитет на домашните производи и тоа заштитена ознака за потекло, заштитена географска ознака и гарантиран традиционален квалитет.

ohridska-cresa

Земјоделецот Ванчо Стојановски посочува дека ако некој производ е брендиран тогаш ќе биде со многу поповолна цена на пазарот и ние ќе имаме производи со заштитно име од нашиот реон. За црешата долгошишка охридките земјоделци формираат и земјоделска задруга како правен субјект која е прва од ваков вид во земјава.

Цената за откуп на еден килограм цреши достигна и до 120 денари , но доклку земојделците настапат здружено цената може да достигне и до 180 денари по килограм – вели Стојаноски. оментално интерес за охридската цреша постои во Русија каде таа веќе и се извезува.