Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЦистерна удри во автомобил, четворица повредени

Цистерна удри во автомобил, четворица повредени

Сообраќајна несреќа се случи утрово во Скопје, на бул. „Србија“, на крстосницата со бул „Борис Трајковски“, во која, повредени се четворица. Во сообраќајката која се случи во близина на Цементарница Усје, цистерна удрила во патнички автомобил, во кој се возеле петмина, од кои четворица се пожалиле на повреди и се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“, вели за Макфакс, портпаролот на МВР, Лиза Бендевска.

До несреќата дошло кога возачот на цистерната која се движела по булеварот „Србија“ во правец кон населбата Аеродром од непознати причини решил да се врати назад и почнал да врти полукружно, со што влегол во спротивната лента на движење. Цистерната удрила во патнички автомобил марка „лада самара“ со кумановски регистарски таблички и го туркала сѐ до тротоарот на спротивната страна.

Во автомобилот имало пет лица, од кои четворица биле повредени и со амбулантно возило се пренесени во клиничкиот центар. Сообраќајот на местото на сообраќајката е во застој, блокирани се сите три ленти кои водат од населба Аеродром кон цементарницата, а возилата се принудени да ја заобиколуваат сообраќајката преку тротоарот. Полиција направи увид на лице место, а сѐ уште се работи на расветлување на случајот.