Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦипрас, Вучиќ и Борисов во Солун ќе разговараат за односите со Македонија

Ципрас, Вучиќ и Борисов во Солун ќе разговараат за односите со Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас в четврток во Солун ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, јавува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Ципрас и Вучиќ ќе учествуваат на грчко-српскиот Совет за соработка, по што ќе дадат за и заедничка изјава.

По средбата со српскиот претседател, Ципрас попладнето ќе има и бугарскиот колега, по што е најавена заедничка средба на лидерите на Грција, Бугарија и Србија.  По средбата, за која засега во грчките медиуми не се наведува за што ќе се разговараа, исто така е најавена заедничка прес-конференција.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот профил на „Твитер“ профил објави дека во Солун ќе се одржи средба премиерите на Грција, Бугарија и Србија, на која главна тема ќе бидат односите на Македонија. Тој наведува дека на оваа регионална средба не е поканета и македонската влада.