Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас се соочува со побуна во своите редови

Ципрас се соочува со побуна во своите редови

Грчкиот премиер се соочува со тешка битка да добие поддршка од коалиционите партнери за конечниот предлог на лидерите на еврозоната за спас на Грција. На Ципрас му се заканува „побуна“ во сопствените редови поради неговиот менлив став во преговорите за мерките за финансиска помош.

Министерот за енергетика, Панајотис Лафазанис, кој ја предводи „левицата“ во владејачката Сириза, го оцени договорот со лидерите од еврозоната како неприфатлив, додавајќи дека истиот го поништува мандатот на народот и грчкото „Не“ на референдумот.

Од вкупно 149 пратеници на Сириза, 30 радикални левичари од овој табор му го свртеа грбот на Ципрас поради попуштањето пред меѓународните кредитори. И додека коалициониот партнер Анел се закнуваше дека нема да го подржи предложениот пакет мерки, Ципрас се обидува на пратениците да им ја објасни промената на курсот во Брисел.

„Билд“ пишува дека Ципрас размислува и за оставка, како би го отворил патот за формирање привремена техничка влада и распишување нови избори. Според ова сценарио, Ципрас во текот на утрешниот ден заедно со претставниците на опозициските партии би ги усвоил мерките за штедење во парламентот, по што владата би поднела оставка.

Поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, изјави дека би бил изненаден доколку Ципрас сака и понатаму да остане премиер, не исклучувајќи ја можнoста за вондредни избори. Договорот помеѓу ЕУ и Грција тој го окарактеризира како „нов Версајски Договор“.