Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас се предаде, Неа Демократија бара мандат за влада

Ципрас се предаде, Неа Демократија бара мандат за влада

Вангелис Мимаракис, лидерот на Неа Демократија најголемата опозициона партија, го нападна Алексис Ципрас како политичар кој се предал и избегал од одговорност чуствувајќи вина, па затоа сега бара преоден мандат од претседателот на Грција за формирање на влада.

cipras

Во Грција има уставни можности за формирање преодна влада пред да се одржат следните редовни избори, но опозиционата партија мора да обезбеди мнозинство во парламентот. Неа Демократија ќе треба да бара подршка од „смртните“ непријатели ПАСОК, а во игра се и неонацистите Златна Зора. На Ципрас му предвидува дека ќе биде сменет и во сопствената партија и дека неговата кариера е готова.