Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЦипрас по „бегството“ од Њујорк се сретна со Обама

Ципрас по „бегството“ од Њујорк се сретна со Обама

Грчкиот премиер Алексис Ципрас избегна да присуствува на Самитот за Исламска држава организиран од Барак Обама. Ципрас заедно со грчката делегација ја бојкотираа седницата бидејќи нашата земја беше преставена под уставното име Република Македонија. Затоа доцна вчера Ципрас имал кратка средба со Обама на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации каде се разговарало за заложбите Грција да остане во Еврозоната, како и да се најдат начини за справување со мигрантската криза. Утре Ципрас и министерот за надворешни работи Коѕиас ќе се сретнат со Џон Кери, Државниот секретар на САД.