Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас ја одби Меркел за лидерска средба, за „Ле Монд“ вели: Европа се распаѓа

Ципрас ја одби Меркел за лидерска средба, за „Ле Монд“ вели: Европа се распаѓа

Алексис Ципрас во интервју за „Ле Монд“, зборувајќи за “бегалската криза, криза за безбедноста и тероризмот и економската криза” испрати порака која нема да и се допадне на ЕУ. Друг потег со кој ќе ги налути меѓународните кредитори е одбивањето на германската канцеларка Меркел за лидерска средба во Брисел.

„Европа се соочува со длабока криза, тоа е како месечар кој оди кон провалија”, предупредува Ципрас, кој утре во Атина претседателот на Франција, Франсоа Оланд и италијанскиот премиер, Матео Ренци. Тие ќе присуствуваат на Самит на земјите од Средоземието. Ципрас бара олеснување на мерките за штедење, особено за борба против невработеноста и за да се поддржи растот.

„Ако не се даде приоритет на вработување, Европа е во опасност од распаѓање, со други референдуми и отфрлање на Европската унија и со антиевропски влади во рамките на ЕУ, вели грчкиот премиер.

„Денес го имаме Северот кој акумулира вишок и Југот која трпи големи загуби. Нема европска конвергенција кога постојат такви разлики“, рече Алексис Ципрас. Тој бара од Германија да не соднесува како „штедна банка со прекумерниот буџетски суфицит”.

Грчкиот премиер бара од своите европски партнери отпишување или олеснување на долгот на земјата: „Ако тие одбијат да напреднат по ова прашање, ќе биде тешко за мојата земја да продолжи по патот на растот. Тој верува дека работите ќе се подобрат постепено во Грција. Ципрас останува убеден за трајноста и одржливоста на Спогодбата помеѓу Европската унија и Турција за ограничување на приливот на бегалци и жали за одложувањето од страна на европските земји во однос на заложбите за преселување на бегалците.

Алексис Ципрас покажува и бунтовност – оценуваат грчките медиуми. Тој ја одбил поканата на Ангела Меркел да учестува на неформален состанок на европските лидери, кој треба да се одржи в недела во Берлин, пренесува весникот „Катимерини“. Состанокот во Берлин се смета за подготовка за вонредниот самит на Европската Унија закажан за петок следната недела.

Иако програмата на Ципрас веќе подолго време е позната, грчките медиуми забележуваат дека е под знак прашалник зошто Грција ја одбила поканата на Меркел во момент кога државата се обидува да ги одржи и да ги подобри врските со Берлин и кога се работи за исклучително важен самит за иднината на Унијата.