Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас ја наведна главата пред ЕУ – ќе ги прифати условите со мали измени

Ципрас ја наведна главата пред ЕУ – ќе ги прифати условите со мали измени

Грчкиот премиер Алексис Ципрас се предомисли преку ноќ. Тој понудил нови отстапки до кредиторите на земјата. Фајненшл Тајмс објавува дека во писмо до кредиторите, Ципрас изразил подготвеност да ги прифати многу од условите кои му беа понудени пред да пропаднат преговорите и тој да свика референдум.
pismo
Грција откако не го исплати долгот кон ММФ, синоќа стана првата европска економија која не успеала да врати долг.
Според Фајненшл Тајмс, грчкиот премиер бил подготвен да го прифати договорот кој му го нуделе кредиторите само доколку имало неколку измени.

Во писмото кое го објави Фајненшл Тајмс, Ципрас пишува дека Атина ќе ги прифати сите реформи на системот на данокот на додадена вредност на неговата земја со една промена: специјален 30 отсто попуст за грчките острови. За прашањето за пензиските реформи, Ципрас бара старосната граница за пензионирање да се премести на 67 до 2022 година почнувајќи од октомври, а не веднаш, како што бараат кредиторите.