Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЦипрас ги доби изборите – Тешкото допрва следува

Ципрас ги доби изборите – Тешкото допрва следува

Алексис Ципрас повторно успеа да го шармира грчкиот народ и на предвремените избори ја доби довербата за мандат за составување на нова влада која сега ќе биде ослободена од повеќе политички притисоци, но брзо ќе мора да се врати во тешката реалност и примена на мерките на штедење и заздравување на домашната економија во услови на намалени социјални бенефиции и државни субвенции.

 

Сепак, Сириза нема доволно мандади во Парламентот за самостојно да формира влада, па ќе мора да коалицира со Независни грци како најприфатлива десничарска партија со 10 пратеници. Неа Демократија ќе биде главна опозициона партија со 75 мандати, а зад нив се неофашистите Златна зора со 18 пратеници и ПАСОК со 17 места.