Централниот дефанзивец на Германија официјално во Рома
После една сезона помината на позајмица Антонио Ридигер потпиша долгогодишен договор со екипата на Рома. Германскиот дефанзивец минатата сезоан беше доведен од Штутгарт и на 30 одиграни натпревари прикажа одлични партии. Иако меѓу заинтересираните клубови за 23-годишниот централен дефанзивец беше и Челси, Рома се одлучи да ја искористи опцијата која беше во договорот и за „само“ девет милиони евра да го откупи Ридигер.
Тој стави потпис на четиригодишен договор со клубот од престолнината на Италија, а пред да се врати во клбуот ќе замине со репрезентацијата да го одигра Европското првенство. Селекторот Јоаким Лев го внесе во тимот и најверојатно ќе се најде во стартната постава.