Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦентарот за генетско инженерство доби акредитирана лабораторија

Центарот за генетско инженерство доби акредитирана лабораторија

Лабораторијата за геномика и протеоника инсталирана во Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологии „Георги Д. Ефремов“ при МАНУ стана комплетно акредитирана и испитувањата кои ги врши отсега се и меѓународно признати. Ќе бидат достапни за македонските граѓани кои за таа цел досега одеа надвор од државата, но и за странски државјани.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски ја посети лабораторијата и рече дека е дел од проектот на Владата за набавка на 80 лаборатории на факултетите и институтите низ Македонија.

– Ова е многу значаен исчекор и втора фаза од процесот на набавка, а тоа е нејзината акредитација. Основни седум методи на оваа лабораторија се акредитирани, со што таа сега е комплетно акредитирана. Сите испитувања што се вршат овде, рана дијагностика на различни болести – генетски, наследни малигни, со методите на лабораторијата сега се и регионално и меѓународно признати, изјави Ристовски.