Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦената на нафтата тоне, падна на неверојатни 32 долари за барел

Цената на нафтата тоне, падна на неверојатни 32 долари за барел

Цената на нафтата доживеа колапс и намалување за неверојатни 4,5 проценти и со тоа достигна цена од 32,70 долари за барел. Ова предизвика и опаѓање на фјучерсите на американската лесна сурова нафта на 32,10 долари од барел и ја забалеже најниската цена од 2003 година.

Како еден од главните притисоци за цената на нафтата се наговестува зголемената тензија меѓу Саудиска Арабија и Иран, што натера голем број аналитичари да стават крај на шпекулациите дека земјите – членки на ОПЕК, меѓу кои и овие две држави, можат во скоро време да постигнат договор во обид да се стабилизира пазарот на “црното злато”.