Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦената на нафтата повторно опадна

Цената на нафтата повторно опадна

Цената на нафтата денеска е на најниско ново во последните шест и пол години. Како главна причина се наведува нејзиното зголемено производство во САД и Канада, како и очекувањата од експертите дека иранската нафта повторно ќе се врати на пазарот.

Уште од 10-ти јули цената забележува драстичен пад, кога нафтата изнесуваше 61,43 долари за еден барел. Американската сирова нафта сега ја достигна цената од 41,35 долари за еден барел, што е најниска цена од почетокот од 2009 година, кога светската економија беше погодена од финансиска криза и од рецесија.