Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЦената на нафтата го достигна дното, Волстрит под тежок притисок

Цената на нафтата го достигна дното, Волстрит под тежок притисок

Од глобалната рецесија во февруари 2009 година, ова е најниското ниво кое го достигна цената на нафтата, која во моментов се движи од 37 до 40 долари за барел. Моментално се пумпаат 32 милиони барели нафта дневно или 2 милиони повеќе од она што како цел го има поставено Организацијата на земјите извознички на нафта.

На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа, а под најголем притисок беше енергетскиот сектор. Причината за ваквиот пат според трговците е неуспехот на истоимената организација да постигне договор за намалување на производството на нафта.