Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЦаринската управа во акција – се запленува алкохол во секој град

Царинската управа во акција – се запленува алкохол во секој град

Царински службеници вио текот на вчерашниот ден извршија контрола на продажбата на ацизна стока на повеќе зелени пазари, како и во малопродажни и угостителски објекти на територијата на Битола, Кичево и Прилеп, при што со неправилности се откриени во 12 случаи и привремено се задржани вкупно 251 литар алкохолни пијалоци, од кои 243 литри домашна ракија и 8,3 литри други алкохолни пијалоци.

Контроли се вршеа и на територијата на Дебар, Охрид и Струга, при што неправилности се откриени во четири случаи и привремено се задржани околу 100 литри алкохол без бандероли и со сомнително потекло.

Против прекршителите Царинската управа презема соодветни мерки.