Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЦарината откри обид за измама на „Александар Велики“

Царината откри обид за измама на „Александар Велики“

Царинската управа на Република Македонија денеска соопшти дека на царинската испостава Аеродром Александар Велики Скопје – отсек за стоково царинење за увозно царинење биле пријавени 800 сетови со системи за инфузија, наменети за увозник од Скопје, а со потекло од Кина.

По извршениот документарен преглед, се појаснува во соопштението, констатирано е дека во Одобрението од Агенцијата за лекови и медицински средства, земја на производител и производство е Германија, додека во царинската декларација земја на поаѓање и земја на потекло е Кина.

– При физички преглед е констатирано дека стоката е произведена во Кина, меѓутоа на самото пакување пишува дека е произведена во Германија. Царинската управа ја известила Агенцијата за лекови и медицински средства за случајот, а по извршената проверка од страна на фармацевтски инспектори изготвени се Записник од извршен инспекциски надзор и Решение за забрана на увозот на 800 сетови со системи за инфузија. По поднесеното Барање за уништување на стоката, истата е уништена во Дрисла, стои во денешното соопштение од Царинска управа на Република Македонија.