Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Труст“ го одложи „Топлик“

„Труст“ го одложи „Топлик“

Судењето за „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30 јануари следната година затоа што адвокатите на осомничениот Миле Јанакиески се ангажирани за случајот „Труст“.

Судијката Татијана Михајлова, по дебатата меѓу одбраната и обвинителите околу термините за судењето, реши денешното рочиште да го презакаже за 30 јануари.

Истрагата „Топлик“ се однесува на изградбата на населбата „Сончев град“, за која поради недостатоци настанати при склучување на договорот за нејзина изградба, буџетот бил оштетен за околу еден милион евра.

Во предметот обвинет се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пет други лица. Јанакиески, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.