HomeДЕНЕШНАПолитикаТрудова инспекција влезе во Кривичен суд, продолжуваат превирањата

Трудова инспекција влезе во Кривичен суд, продолжуваат превирањата

krivicensud1-
Продолжуваат превирањата во Основниот суд Скопје 1 откако Горан Стаменковски кој е вработен во институцијата ја повикал трудовата инспекција за да се разгледа неговиот случај на деградирања, како и останатите неправилности во работењето на кривичното одделение.
Од судот на инспекторите им било појаснето дека Стаменковски бил унапреден и било формирано одделение за човечки ресурси, но тој до сега не изготвил никаков план, ниту програма за работа за потребите на 400 вработени во судот.
Образложението на Стаменковски било дека тој добил дополнителна работа во друго одделение. Постапките на Стаменковски, тврдат од судот, довеле до нарушување на меѓучовечките односи заради што е поведена и дисциплинска постапка која може да резултира и со кривична одговорност.
Имено, како што пред два дена информираше судот, Стаменковски ја нападнал портпаролката Паола Божиновска за која се тврдеше дека и претходно имал несогласување и нетрпеливост на работното место. Тој пак ги негираше ваквите тврдења.
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com