Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрудо до Заев: Канада ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Трудо до Заев: Канада ја поддржува Македонија за членство во НАТО

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, упатил писмо со честитки за изборот за премиер на Зоран Заев во кое изразува надеж за плодна соработка во иднина, соопшти владината прес-служба.

„Сигурен сум дека ќе продолжите да ја водите Вашата земја со чест и одговорност достојни на поддршката на народот на Вашата земја, кон светла иднина заснована на најавените реформи, на европските аспирации и на заложбите за регионална стабилност. Канада и понатаму продолжува со поддршката на амбициите на Македонија за членство во НАТО и го очекуваме денот кога ќе ви посакаме добредојде во алијансата“, стои во писмото од Трудо.

Тој му посака на македонскиот премиер да успее да ја оствари владината програма и изрази надеж за соработка за остварување на заеднички приоритети на двете земји.