Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаТројца велешани заразени од салмонела

Тројца велешани заразени од салмонела

Билјана Трајкова, епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, ја потврди веста за присуството на бактеријата салмонела кај тројца нејзини пациенти. Од МИА пренесуваат дека од почетокот на август во Велес и околината се регистрирани вкупни 32 лица со дијареа и повраќање, а само кај тројца од нив е пронајдена салмонелата.

Трајкова ја потенцираше присутноста и преносливоста на оваа бактерија преку контаминирана храна и затоа посебно во овие летни денови храната треба добро да се мие и термички обработи и да се води сметка на хигиената посебно на рацете по одење во тоалет.

„Засилените санитарни инспекции на сендвичари и пицерии, и построгите казнени мерки повеќекратно ги намали ваквите случаи со салмонела, труења со храна и ентероколити. Но, тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат претпазливи што и од каде консумираат храна и како ја подготвуваат во своите кујни“,изјави епидемиологот