Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТројца уапсени во Босна, фатени со оружје и знаме на Исламска држава

Тројца уапсени во Босна, фатени со оружје и знаме на Исламска држава

Босанската Државна агенција за истрага и заштита (СИПА) денеска уапси три лица, кај кои беше пронајдено оружје и знаме на „Исламска држава”, јави Танјуг. Во три објекти беше извршен претрес со цел да се пронајдат и одземат предмети кои можат да послужат како доказ во понатамошната постапка.

Тоа е продолжение на полициската акција „Дамаск”, која има за цел откривање на лица за кои постои сомневање дека се поврзани со радикалниот исламистички тероризам. СИПА соопшти дека се пронајдени различни видови мини, големо количество муниција, мачети, знаме на „Исламска држава” и пластичен шаблон за цртање на симболите на „Исламска држава”. Акцијата е спроведена по наредба на босанскиот Суд и Обвинителство.