Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТројца Руси уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад

Тројца Руси уапсени поради поврзаност со терористичкиот напад

Тројца руски државјани се уапсени од страна на турската полиција под сомнение дека се вмешани во терористичкиот напад што се случи во вторникот во Истанбул, кога беа убиени 10 луѓе, а 15 беа повредени. Русите биле приведени во Анталија.

Во терористичкиот напад на плоштадот Султанахмет, при разнесувањето на бомбаш самоубиец беа убиени 10 луѓе, а 15 беа ранети. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека сириски бомбаш самоубиец е одговорен за експлозијата во историскиот дел на Истанбул.

Потпретседателот на турската влада Нуман Куртулмус, изјави дека врз основа на анализа на различни делови од телото идентификуван е осомничениот бомбаш-самоубиец.

Претходно денеска официјалните власти во Анкара објавија дека веќе се уапсени 59 лица при контратерористичните операции кои почнаа во пет градови, соопшти “Хабер Турк”. Операцијата е спроведена во Анкара, Шанљурфа, Мерсин, Килис и Адана.

Според телевизијата Хабер Турк, од 16-мината уапсени во Анкара, дури 15 се државјани на Сирија, кои по завршувањето на истрагата се очекува да бидат протерани од Турција. Меѓу уапсените во останатите градови има и поголем број турски државјани, кои се товарат за „терористичка активност“, што би можело да значи и дека се поврзани или се членови на Курдската работничка партија (ПКК).