Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаТројца повредени со нож во крвава тепачка во Гостивар

Тројца повредени со нож во крвава тепачка во Гостивар

Три лица од Гостивар се повредени синоќа во тепачка во која е употребен нож. Двајца завршиле на скопските клиники со расеченици, а еден е полесно повреден.

Според СВР Тетово,, околу 21 часот на улицата „Ленинградска“ дошло до физичка пресметка на повеќе помлади лица. На тепачката и претходела куса расправија меѓу гостиварците М.Б. (23) и Ф.Ф. (30) од една страна и Л.Ј. (21) од друга. Дваесет и едногодишник со нож, кој наводно го извадил Ф.Ф., им нанел расеченици на другите двајца, на едниот во вратот, а на другиот во десната надлактица. Во неутврдени околности уште едно лице е полесно повредено, веројатно со скршено шише.

Повредените биле згрижени во гостиварската болница, по што се препратени на скопските клиники и се надвор од животна опасност. Осомничениот за ранувањето на двајцата гостиварци е приведен и по расветлување на поединостите ќе се соочи со соодветна пријава, а во текот на денот ќе биде изведен и пред судија во претходна постапка.