Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТројца пијани мажи потопиле две села во Виетнам

Тројца пијани мажи потопиле две села во Виетнам

Се напиле, па потопиле две села. Тројца мажи од Виетнам, минатата среда во два часот по полоноќ, пијани провалиле во контролната соба на браната и ги отвориле вентилите.

Во двете села се излиле два милиони кубни метри вода. Водата уништила 15 тони на шеќерна трска. Штетата која ја направиле е проценета на 12.500 евра.

За среќа во поплавите нема тешко повредени. Уште не се знае каква казна ќе добијат мажите, а можно е да им се одреди само парична казна.