Saturday, Mar 25, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионТројца мртви и осум повредени во престрелка во Елбасан

Тројца мртви и осум повредени во престрелка во Елбасан

ubistvo

Тројца убиени, осум повредени, од кои двајца во критична состојба, е биланост од вооружената престрелка што синоќа се случила во албанскиот град Елбасан. Според полициски извори на кои се повикуваат албанските медиуми, инцидентот се случил во еден угостителски објект во населбата „Краста“ во близина на стадионот „Елбасан Арена“.

Пред објектот застанал автомобил „БМВ“ серија 5, црна боја од кој излегле маскирани и вооружени лица кои влегле во објектот и на гостите им наредиле да легнат на под и отвориле оган од автоматско оружје кон сопственикот на локалот, неговиот син и неколку пријатели, при што на самото место убиени се две лица, повеќе се повредени од кои едното им подлегнало на повредите во болницата во Елбасан.

Со хеликоптер, осумтемина се префлени на лекување во трауматолошката клиника во Тирана. Според првичните сознанија мотивот е крвна одмазда. Големи полициски сили се вклучени во потраѓата по сторителите. На локалните полицијаци им се приклучиле и припадниците на специјалната единица „Ренеа“, единицата за брзо распоредување, како и полицајци од комесаријатите Драч, Лушња и Фиер.