Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТројца министри се превртеа од брод на регата во Хрватска

Тројца министри се превртеа од брод на регата во Хрватска

Попладнево на регатата Латинско едро во Хрватска се превртел брод во кој биле хрватскиот министер за поморски сообраќај и инфраструктура Синиша Хајдаш Дончиќ, за туризам Дарко Лоренцин и министерот за екологија Михаел Змајловиќ.

Хрватските медиуми соопштуваат дека ведаш пристигнале регатни патролни глисери за да пружат помош и нема повредени членови на екипажот. Жељко Јерат, сопственикот на бродот и претседател на здружението Латинско едро изјави дека за таа незгода причина било неискуството на екипажот.

Имено, регатата Латинско едро традиционално се одржа 18-та година по ред. Стартувал 51 брод, но многу од нив се откажале поради бурата.