Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТројца загинати и неколкумина ранети при експлозија во југоисточна Турција

Тројца загинати и неколкумина ранети при експлозија во југоисточна Турција

Двајца полицајци и еден цивил загинаа, а неколку други се ранети денеска при експлозија во близина на најголемиот град во југоистична Турција, Дијарбекир.

Како што јавија телевизијата НТВ, експлозијата била предизвикана од автомобил-бомба, која била паркирана пред полициска станица, најверојатно поставена од припадници на Курдската работничка партија (ПКК).

Според турски безбедносни извори, експлозијата се случила на патниот правец меѓу Дијарбекир и соседниот град Бисмил.

Кон местото на експлозијата се упатиле поголем број припадници на безбедносните сили, како и неколку возила на брзата помош.

Мнозинството на жителите во реонот на Дијарбекир се Курди. Во изминатива година тој дел на Турција беше место на посотојани напади на припадници на ПКК, како и на судири на нејзини припадници со турските безбедносни сили.

МИА